Работилница за циркуларната економија и развивање на еко производи

Учениците од профилот градежен техничар во соработка со REDI North Macedonia реализираа работилници и практично работење на проекти поврзани со циркуларната економија и развивање на еко производи. Процесот на работилниците и изработката на финалните производи се одвиваше под менторство на лице назначено од организацијата, а наставниците од нашето училиште во рамки на предметот учење преку […]

Настап на Првиот интернационален традиционален хуманитарен фестивал „Љубов за сите“

На 12.02.2026 година оркестарот на нашето училиште, под раководство на наставникот Лазе Стерјовски, настапи на Првиот интернационален традиционален хуманитарен фестивал „Љубов за сите“, одржан во Музејот на Македонската револуционерна борба, во организација на Здружение хуманитарно културен ФЕНИКС – Скопје. Фестивалот понуди богата културно-уметничка програма исполнета со хуманост, музика, поезија и позитивна енергија, а нашиот оркестар […]

ПРОСЛАВЕН ПАТРОНАТ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

УШТЕ ЕДЕН ПРОСЛАВЕН ПАТРОНАТ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ На 10.02.2026 година, во просториите на СУГС „Шаип Јусуф“ -Скопје се одбележа патрониот празник на училиштето. Прославата на патрониот празник опфаќаше различни активности од образовен, културен, уметнички и спортски карактер. Во врска со доделените награди и признанија за оваа година ги споделуваме следните информации: НАЈДОБАР НАСТАВНИК за учебната […]

Едукативна работилница – Глобалниот ден на изборите

На ден 05.02.2026 година, Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите, на начин што рганизираше едукативна работилница со ученици од средните училишта на Град Скопје, со цел унапредување на знаењата за изборниот процес, избирачкото право и демократските вредности. Нашите ученици од трета и четврта година од секторот економија, право и трговија беа дел […]

Практична настава – посета на градежен зафат кој е во тек

Учениците од трета и четврта година од образовниот профил градежен техничар посетија градежен зафат кој е во тек на пренамена и реконструкција во East Gate Mall. За време на посетата, учениците се запознаа со фазите на градежните работи, применетите материјали и современите техники што се користат на градилиштето. Посетата им овозможи практичен увид во реалната […]

Практична настава – посета на хотел – бар – ресторан „Senigallia“ кој се наоѓа на брод

Учениците од I година од образовниот профил келнер, во рамките на практичната настава имаа можност да го посетат хотел – бар – ресторан „Senigallia“ кој се наоѓа на брод. За време на посетата, тие се запознаа со начинот на работа на ресторанот, организацијата на персоналот и стандардите кои се применуваат при подготовка и послужување на […]

Посета на театар

Наставникот по македонски јазик и литература Ковиљка Нацева, организира одлично дружење и можност за љубителите на театарот. Учениците имаа можност да ја гледаат претставата “Парови”. Драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. На сцената го гледаме тоа што не се гледа – осаменоста и проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги […]

УСПЕШНО ЗАВРШЕН UpShift ПРОЕКТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

УСПЕШНО ЗАВРШЕН UpShift ПРОЕКТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ОДЛИЧНИ ОДРЖЛИВИ И ЗЕЛЕНИ ИДЕИ! Во изминатите два месеци нашите ученици, под менторство на наставникот Василка Настеска и со поддршка од надворешен ментор, поминаа низ 6 интензивни сесии за дизајн размислување – од емпатија и дефинирање на проблем, до идеи, прототипирање и финални презентации. Учениците работеа во […]

Активизам против родово базираното насилство

На 04.12.2025 година, нашите ученици дел од кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство. Учениците од секторот економија, право и трговија, како и вработени од нашето училиште учествуваа на стручна расправа по повод насилството, екслопатацијата, трговијата со луѓе и присилните бракови. На настанот имаа можност да изгледаат и едукативен филм, а исто така и […]

АДМИНИСТРАТИВНО-КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

На 04.12.2025 година, дел од активностите во рамки на предметот административно-канцелариско работење и учење преку работа кај работодавач. Учениците од профилот бизнис администратор имаа можност практично и директно да се запознат со канцелариското работење и архивирањето. Благодарност до државниот архив на рсм за одличната соработка и нивната достапност.