Учениците од I година од образовниот профил келнер, во рамките на практичната настава имаа можност да го посетат хотел – бар – ресторан „Senigallia“ кој се наоѓа на брод.

За време на посетата, тие се запознаа со начинот на работа на ресторанот, организацијата на персоналот и стандардите кои се применуваат при подготовка и послужување на храна. Интересен дел од оваа посета беше дека во склоп на бродот на кој е сместен ресторанот функционира и мал хотел, каде што гостите можат да престојуваат.

Ова им овозможи на учениците да добијат појасна слика за функционирањето на комбиниран угостителски објект кој нуди и сместување и услужни дејности од висок квалитет. По презентацијата од страна на менаџерот, дружењето на учениците и предметните наставници продолжи на палубата од ресторанот, каде што тие неформално разменија впечатоци и поставуваа дополнителни прашања поврзани со работата, професијата и можностите за идно усовршување.

Оваа активност беше организирана од страна на наставниците по стручни угостителски предмети Василка Белчев и Мерита У. Љесковица.