
Учениците од трета и четврта година од образовниот профил градежен техничар посетија градежен зафат кој е во тек на пренамена и реконструкција во East Gate Mall. За време на посетата, учениците се запознаа со фазите на градежните работи, применетите материјали и современите техники што се користат на градилиштето. Посетата им овозможи практичен увид во реалната работа на инженерите, надзорот и изведувачите, како и подобро разбирање на процесот на трансформација на постоечки објект во нова функционална целина. Оваа посета е една од формите преку кои учениците стекнуваат сознанија од практичен аспект и се дел од реалните процеси во стопанството.