Наставникот по македонски јазик и литература Ковиљка Нацева, организира одлично дружење и можност за љубителите на театарот. Учениците имаа можност да ја гледаат претставата “Парови”. Драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. На сцената го гледаме тоа што не се гледа – осаменоста и проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четирите ѕида.