УСПЕШНО ЗАВРШЕН UpShift ПРОЕКТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ОДЛИЧНИ ОДРЖЛИВИ И ЗЕЛЕНИ ИДЕИ!

Во изминатите два месеци нашите ученици, под менторство на наставникот Василка Настеска и со поддршка од надворешен ментор, поминаа низ 6 интензивни сесии за дизајн размислување – од емпатија и дефинирање на проблем, до идеи, прототипирање и финални презентации. Учениците работеа во 3 креативни тима и изработија три одлични прототипи за подобрување на училиштето и заедницата:

🌱 PaperLab Crew – визит-картички од рециклирана хартија со семе.

💡 Fleurarium – декоративни растенија со LED светло на соларна енергија.

💧 Капка Живот – едукативен модел за водниот циклус.

Презентациите се одржаа на ден 02.12.2025г., а жири комисијата го прогласи PaperLab Crew за победнички тим!

🏆 Тие освоија грант од 54.000 денари за целосна реализација на својата еколошка и уникатна идеја.

Во блиска иднина нашето училиште ќе има свои специјални визит-картички од рециклирана хартија со семиња, кои секој може да ги засади и да одгледа цвет!

Картичките ќе содржат и QR код преку кој лесно ќе може да пристапите до сите важни информации за нашето училиште.

Горди сме на сите тимови за нивната посветеност, креативност и тимска работа! Честитки до сите вклучени во проектот.