
На 04.12.2025 година, нашите ученици дел од кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство. Учениците од секторот економија, право и трговија, како и вработени од нашето училиште учествуваа на стручна расправа по повод насилството, екслопатацијата, трговијата со луѓе и присилните бракови. На настанот имаа можност да изгледаат и едукативен филм, а исто така и да стекнат информации за како да препознаат ризични ситуации, како да пријават насилство или експлоатација, но и како активно да се вклучат во превенцијата како младински активисти и двигатели за позитивни општествени промени.