На 12.02.2026 година оркестарот на нашето училиште, под раководство на наставникот Лазе Стерјовски, настапи на Првиот интернационален традиционален хуманитарен фестивал „Љубов за сите“, одржан во Музејот на Македонската револуционерна борба, во организација на Здружение хуманитарно културен ФЕНИКС – Скопје.

Фестивалот понуди богата културно-уметничка програма исполнета со хуманост, музика, поезија и позитивна енергија, а нашиот оркестар беше дел од ова прекрасно културно-уметничко случување.