Учениците од профилот градежен техничар во соработка со REDI North Macedonia реализираа работилници и практично работење на проекти поврзани со циркуларната економија и развивање на еко производи. Процесот на работилниците и изработката на финалните производи се одвиваше под менторство на лице назначено од организацијата, а наставниците од нашето училиште во рамки на предметот учење преку работа имаа можност да разменат искуства и ставови со цел унапредување на практичната настава и интеграција на еколошки практики во истата.

Поттикнување на иновативноста и стекнување на знаење наменето за управување со отпадот треба да бидат приоритет на секој млад човек кој се грижи за својата околина.