Меморандум за реализација на учење преку работа

Уште еден нов меморандум за реализација на учење преку работа (практична настава) за учениците од профилот – Бизнис администратор (економско-правна и трговска струка). Новиот меморандум нашето училиште го потпиша со Адвокатско Друштво Дракуловска Стојановска од Скопје и истиот се однесува на нудење на можности за практична обука, усовршување и унапредување на знаењата од областа на […]

Еко акција во дворот на училиштето

По повод денот на пролетта директорот и стручната служба заедно со учениците реализираа планирана еко акција во дворот на училиштето. Организирани во повеќе тимови, учениците и вработените засадија нови дрвца, ги уредија веќе постоечките насади и реализираа други еколошки и уредувачки активности во дворното окружување на училиштето. Покрај промовирањето на здрави еколошки навики овој тип […]

Ambassador Aggeler Aggeler at the vocational high school Shaip Jusuf in Shuto Orizari

Ambassador Aggeler had a great visit at the vocational high school Shaip Jusuf in Shuto Orizari today. She spent some time with students and learned more about their activities, accomplishments, and challenges. The students explained the learning process in their school with passion, positive energy, and enthusiasm. СУГС„Шаип Јусуф“ is a vocational school with around […]

АМБАСАДОРКАТА ОД САД ВО РСМ Г-ЃА АНЏЕЛА П. АГЕЛЕР ГОСТУВАШЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

НА НАШЕ ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО АМБАСАДОРКАТА ОД САД ВО РСМ Г-ЃА АНЏЕЛА П. АГЕЛЕР ГОСТУВАШЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ. Денес Амбасадорката Г-ѓа Анџела П. Агелер имаше можност да се запознае со работата и успесите на учениците, наставниците и менаџментот на училиштето, а воедно и да ги посети опремените и современи кабинети за настава по стручните и општообразовните […]

Проект „Јас сум дел од Европа“

Училиштето е добитник и започна да го реализира проектот „ЈАС СУМ ДЕЛ ОД ЕВРОПА“ (“I am part of Europe”) поддржан од Програмата на Европска Унија за образование, обука, млади и спорт -Еразмус+.  Во рамки на овој проект учениците од профилот медицинска сестра ќе реализираат повеќедневна практична настава и размена во Р.Бугарија во Општата болница „Д-р. […]

Хуманитарна акција наменета за жителите на Турција и Сирија

Ученичката заедница на нашето училиште, во соработка со учениците и професорите реализираше хуманитарна акција наменета за жителите на Турција и Сирија. Благодарност до професорите и учениците кои беа дел од оваа иницијатива и придонесоа за истата. Донирана е топла облека, храна, обувки и потребни материјали согласно списокот на потреби.

ПЕРФОРМАНС НА УЧЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ

Активност организирана по повод патрониот празник на училиштето во чест на Шаип Јусуф, кој бил еден од организаторите на Светскиот конгрес на Ромите одржан во Лондон 1971 година. Конгрес каде се усвоиле и унифицирале ромското знаме и химна, а исто така и изразот Ром/Ромка.

Прилогот на МРТ4 одбележување на патрониот празник

Дел од нашето одбележување на патрониот празник прикажан во прилогот на МРТ4 изготвен од редакцијата – Бијандипе. Благодарност до редакцијата за посетата на настанот и за дадената можност и простор во програмата на телевизијата, благодарност до новинарот Сали Мемед.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК – Групен перформанс: Ромско знаме изведен од учениците и наставниците. – Вечерен наста: Настап на училишниот оркестар и реализација на образовен квиз во повеќе научни подрачја. – Доделување на награди за најдобар наставник. – Доделување на наградени ученици по конкурсите за најдобра литературна и ликовна творба, награди за победници на квиз […]