Уште еден нов меморандум за реализација на учење преку работа (практична настава) за учениците од профилот – Бизнис администратор (економско-правна и трговска струка).

Новиот меморандум нашето училиште го потпиша со Адвокатско Друштво Дракуловска Стојановска од Скопје и истиот се однесува на нудење на можности за практична обука, усовршување и унапредување на знаењата од областа на правото и правните постапувања, со можност за понатамошен одржлив професионален развој на нашите ученици.

Адвокатско Друштво Дракуловска Стојановска е тип на модерно и современо адвокатско друштво кое нуди нов концепт на правни услуги покривајќи ги сите области од правото и тоа: граѓанското право, деловното, корпоративното, трудово, управно право, даночно и меѓународното право.

Благодарност до адвокатското друштво за укажаната можност за заемна соработка.

Со ова го зголемуваме бројот на соработници од јавниот и приватниот сектор каде нашите ученици можат да ги подобрат своите практични знаења и вештини од областа на правото и економијата.