По повод денот на пролетта директорот и стручната служба заедно со учениците реализираа планирана еко акција во дворот на училиштето. Организирани во повеќе тимови, учениците и вработените засадија нови дрвца, ги уредија веќе постоечките насади и реализираа други еколошки и уредувачки активности во дворното окружување на училиштето. Покрај промовирањето на здрави еколошки навики овој тип на активности има за цел да промовира тимска работа, но и општествена одговорност.