Во периодот од 22 до 24 август оваа година, училиштето организира семинар за вработените и учениците во Охрид. Вработените имаа можност да се обучуваат на тема: „Лидерството и комуникацијата во функција на успешна реализација на воспитно-образовниот процес“, а учениците на тема: „Развивање на ученички иницијативи“. Ваквиот тип на активности се насочени кон подобрување, надоградба и усовршување на вештините на вработените и продлабочување на соработката насочена кон остварување на целите на училиштето, а воедно и мотивирање на учениците за активно вклучување во животот и училишното делување.

Научени работи, одлична дружба и незаборавно искуство! Дел од работната атмосфера во прилог..