Учениците од нашето училиште дел од Green Solution Hackathon 2023.

Одличен пласман на тимот „Шаип Јусуф“ – Скопје, кој ја претставуваше идејата за соларни панели за производство на електрична енерегија, составен од учениците: Евин Илјаз , Сара Агуш, Миневер Беќир и Елизабета Јашар, под менторство на предметниот наставник Радмила Златевска.

Хакатонот беше организиран од SEEU Tech Park и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH ( GIZ ) и USAID. Хакатонот имаше за цел да ги поттикне младите на претприемничко размислување и развој на зелени идеи и одржливи еколошки решенија. Настанот се одржа во Тетово , во просториите на УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТИЧНА ЕВРОПА во период од 15-16 септември 2023 година.

Честитки за учениците и менторката, за нивната посветеност и за нивното учество на овој натпревар.