Среќно испративме уште една генерација на матуранти, генерација 2019-2023 година, една од најуспешните генерации од постоењето на училиштето.

Драги наши ученици, Вие сте слика на нашето училиште, на заедничкиот труд и посветеното внимание. Со среќа во Вашето понатамошно образование, кариера, работа и живот. Вратите од нашето училиште секогаш ќе бидат отворени, затоа што сите генерации кои завршувате тука – Вие сте училиштето! Покажете и докажете во општеството, кои сте, што сте и од каде сте и остварете ја вашата идеја, направете промена и бидете дел од современите општествени текови. Наши доктори, правници, економисти, градежници, фризери и келнери, уште еднаш ЧЕСТИТКИ И МНОГУ УСПЕСИ ВО ВАШАТА ИДНИНА И ЖИВОТ!

Ве сакаат: Вашите класни, професори, стручни соработници, вашиот директор и вашето училиште!