По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, учениците од нашето училиште кои го изучуваат профилот медицинска сестра, заедно со нивните наставници беа дел од настанот „Фестивал на здравјето“ поддржан од страна на Град Скопје.

На штандот учениците нудеа здравствени услуги: мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, како и давање на совети за заштита и унапредување на здравјето. Град Скопје се придружи кон „Фестивалот на здравјето“ кој се одбележува во градскиот парк во Скопје, а настанот го посети и Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Во прилог слики од денешниот настан.