BAHTALO O MASKARTHEMUTNO DIVE E ROMENGORO!
ЧЕСТИТ 8 МИ АПРИЛ, ЧЕСТИТ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ!
Почитувани,
Ја користиме приликата на сите Роми да им го честитаме овој ден, денот на нашето постоење, идентитет, јазик и култура.
Горди сме што нашето училиште го носи името на еден од основоположниците на Ромскиот идентитет и јазик, а особено како образовна институција истакнуваме неколку клучни директни влијанија врз подобрување на животот на Ромите во доменот во кој делуваме:
– Од 2015 година до денес континуирано и посветено работење за подигање на степненот на образование кај младите Роми од општина Шуто Оризари и пошироко.
– Зголемување на бројката на запишани и завршени ученици, со директно влијание врз бројката на упишани Роми во високото образование во нашата држава.
– Континуирано поттикнување, мотивирање и инклузија на учениците во образовниот и културниот живот, достигнување на голем број на награди и признанија од научен, културен и спортски карактер.
– Потенцирање на видливоста, креирање на позитивни наративи и поттикнување на позитивни примери, кои во подолг временски период ќе бидат двигатели на целокупниот општествен живот во различни сфери и многу други влијанија кои придонесуваат за развој и унапредување.
НАШАТА РАБОТА И ДЕЛУВАЊЕ СЕ ЕДЕН ОД НАЧИНИТЕ НА КОЈ СЕ САКА СВОЈОТ НАРОД!
НА ВАКОВ НАЧИН СЕ ВОЗВРАЌА КОН НАРОДОТ И ОПШТЕСТВОТО СОЗДАВАЈЌИ УСЛОВИ ЗА ДОЛГОРОЧЕН РАЗВОЈ И ОДРЖЛИВОСТ.
Со верба и надеж за подобро утре, за поголема инклузија, развој и просперитет на Ромите во нашата држава, од името на директорот, наставниот кадар и учениците на сите Роми им го честитаме празникот.