По повод 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, учениците на нашето училиште беа дел од настан организиран од Град Скопје и Здружението на граѓани “Доза среќа” одржан во Младинскиот културен центар. Настанот беше збогатен со неколку музички настапи на членовите од здружението и се прати силна порака за инклузија, едукација и подигнување на свеста. Нашите ученици во соработка со стручната служба од училиштето изработија алки и беџови и истите ги поделија на учесниците на настанот.