По повод одбележувањето на 8 април како еден од најзначајните денови на Ромскиот народ во холот на училишниот ден се одржа отворен час на тема „Идентитетот на Ромите“. Во текот на настанот училишниот оркестар претстави дел од традиционалната ромска музика, а дополнителна уметничка вредност даде уметникот Марија Трпеска (наставник по ликовна уметност) која ја постави својата изложба во нашето училиште со мотиви од ромското секојдневие именувана „Улицата Волт Дизни“.

Исто така, настанот беше збогатен и со едукативна презентација и информативен штанд по повод Меѓународниот ден на здравјето 7 април. Учениците и наставниците од медицинската струка поделија едукативен материјал и пораки за заштита и унапредување на јавното здравје.

Благодарност на сите ученици и наставници кои што беа дел од овој настан.