Под организација на ЕЛТАМ (Здружение на наставници по англиски јазик) на ден 26.03.2023 се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик на кој зедоа учество четири ученици од нашето училиште. Ученичката Миневер Беќир, под менторство на професорката Милена Наумоска Мусовска, се пласира на второ место и си обезбеди учество на регионалниот натпревар кој се одржа на 08.04.2023. На регионалниот натпревар, на кој се натпреваруваа над 100 ученици од скопскиот регион, ученичката Миневер Беќир се пласира на трето место. Тоа и овозможи на ученичката пласман на државен натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 06.05.2023. Честитки за ученичката и менторката!