
По повод 1ви март – Денот на нулта дискриминација, во нашето училиште беа реализирани работилници од едукативен, а воедно и забавен карактер. Преку различни активности, учениците беа вклучени во игри, мини-драми, како и многу дискусии со цел разбирање на поимот дискриминација, препознавање на дискриминаторско однесување, развивање емпатија и почитување на различностите.