На 28.02.2026 година, се одржа акција за подигнување на јавната свест за ретките болести по повод – Меѓународниот ден на ретките болести (28.02)

Одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести во нашето училиште се реализираше од страна на ученичките од прва година медицински сестри, заедно со специјалниот едукатор и рехабилитатор, преку делење на флаери и кратки информации за ретките болести. Активноста беше дополнета и со отпечатување на своите шарени дланки на хамери со порака: Ретко е да си редок.