
![]()
![]()
ГОРДИ НА НАШИОТ УСПЕХ!
Денес (25.03.2026) екипата на СУГС „Шаип Јусуф“-Скопје го освои ВТОРОТО место на турнирот во мал фудбал на ниво на сите средни училишта на град Скопје!
По одлична игра, во полуфиналето ја совладавме екипата на СУГС „Здравко Цветковски“-Скопје. Во финалето одигравме неизвесен натпревар против СУГС „Георги Димитров“, кој заврши 0:0 во регуларниот дел.
По изведување пенали, противникот триумфираше, а ние го освоивме ВТОРОТО МЕСТО за најдобро училиште во фудбал од сите училишта во Град Скопје.
Ова е огромен успех и доказ за нашата посветеност, тимска игра и борбен дух! Голема благодарност и честитки до сите играчи и нашите ментори-тренери за вложениот труд и одличната игра.
Второ место во мал фудбал од сите средни училишта во Скопје – успех со кој се гордееме!
#ShaipJusuf#Горди#Сребро#Фудбал#Скопје#ТимскаИг

