По повод светски ден на бубрегот од Центарот за дијализа ,,ДИАВЕРУМ’’ во нашето училиште беше одржана презентација под мото ,,ЗДРАВИ БУБРЕЗИ – ЗДРАВ ЖИВОТ’’ каде учествуваа учениците од I до IV година од профилот медицинска сестра.

Светскиот ден на бубрезите се одбележува секоја година, вториот четврток во март. Овој празник има за цел да ја подигне свеста за состојбите на бубрегот, иако многу од нив се лекуваат, тие се споредна медицинска грижа за поголемото население. Покрај ова претставници од училиштето и од Центарот за дијализа разговараа околу потпишување на договор за практична настава на нашите ученици во оваа здравствена институција.