Учениците од прва и втора година во рамки на предметот историја го посетија Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и Музејот на македонската борба за самојстојност. Со ваквиот тип на активности училиштето создава дополнителни услови за продлабочување на знаењата од областа на историјата и реализирање на настава на поразличен тип од класичниот. Одлично дружење и учење на нашите ученици и наставници кое заврши со сок, кафе и убав муабет во старата чаршија на Градот Скопје.

#ШаипЈусуф