СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје склучи договор за соработка со КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП – Друштво за консултантски услуги, наменет за процесот на учење преку работа кај работодавач, феријална практика, гостински предавања и идни развојни проекти за вработување и ангажирање на нашите ученици од профилот: БИЗНИС АДМИНИСТРАТОР од економско-правната и трговска струка.
КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза од областа на правен и економски- консалтинг, која нуди основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени, пристап до финансии, интелектуална сопственост и др. Со ова нашето училиште го продолжува процесот на зајакнување на мрежата на соработници која нуди практични вештини, личен и професионален развој на нашите ученици, како и подобар квалитет на стручните знаења во пракса од областа на трговското право и другите правни гранки, а исто така и од областа на економијата, бизнисот и претприемништвото.