
Клубот на ученички “Mission Red” ќе започне со работа во средното училиште “Шаип Јусуф” – Скопје, Шуто Оризари, како проект поддржан од Дрогерие Маркт Скопје. Целта на клубот е да се подигне свеста за менструалното здравје кај девојчињата од ромска националност, со акцент на подготовка и издавање на прирачник за менструално здравје и менструална сиромаштија.
ОСНОВНИ АКТИВНОСТИ НА КЛУБОТ
ОБРАЗОВНИ ПРАШАЊА: Клубот ќе организира предавања за менструално здравје не само за ученичките од средното училиште, туку и за учениците од двете основни училишта во Шуто Оризари.
МОБИЛИЗАЦИЈА НА ЗАЕДНИЦАТА: Вклучување на Здружението “Иницијатива на жени” од Шуто Оризари за поддршка и активно учество во проектот.
КАМПАЊА ЗА ЗДРАВЈЕ: Кампањата ќе се реализира преку амбасадорки на женското здравје, вклучувајќи две докторки и една медицинска сестра од училиштето, како и две членки на граѓански здруженија и организации.
ЧЛЕНСТВО И СТРУКТУРА
Клубот “Mission Red” во својата почетна фаза ќе има 20 членки, сите ученици во профил медицинска сестра. Оваа структура ќе овозможи директно вклучување на младите во иницијативи кои ги засегаат нивните врснички и пошироката заедница. Овој проект не само што ќе помогне во едукацијата на девојчињата, туку и во подобрување на општата свест за менструалното здравје, што е особено важно во контекст на менструалната сиромаштија.
Реализацијата на овој проект е овозможена од dm drogerie markt
