Дел од компаниите и институциите каде што нашите ученици обавуваат практична настава, учење преку работа и феријална пракса, беа поканети на 1.6.2023 год. и имаа можност да се сретнат со директорот на училиштето, стручната служба и предметните наставници. На денешната средба се дискутираше за досегашната реализација на практичната настава, учењето преку работа и феријалната пракса, за позитивните искуства, за сите предизвици и за продолжување на успешната соработка во иднина. Ова е една од активностите со кое нашето училиште обезбедува практична настава во реалниот сектор, воспоставува стандарди и мери квалитет, со цел поуспешно реализирана практична настава, стекнати работни вештини и знаења, но и одговорности.

На денешната средба се договоривме за успешна соработка во новата учебна 2023/24 година, дискутиравме за уписната кампања и за нашите приоритети во делот на практичните знаења на новите и постоечките ученици.

Огромна благодарност до сите соработници од јавниот и приватниот сектор за можностите и убавата соработка.