Денес директорот на училиштето и претставници од Хотел Парк – Скопје (Park Residence) воспоставија соработка во делот на практичната настава, вработувањето и нови можности за развивање на угостителско-туристичката струка. Соработката се однесува на:

  • Вработување во Хотел Парк на соодветни работни позиции согласно наставниот профил и компетенции за ученици од профилот келнер
  • Реализирање на практична настава и феријална практика
  • Работа на проекти од заеднички интерес, обуки и слично
  • Развивање на концепт и анализа за отворање на дуална паралелка во нашето училиште за овој наставен профил.
    ДОПОЛНИТЕЛНО, нашата соработка се прошири и во делот на профилот бизнис-администратор, за практична настава, гостински предавања и стручни/работни посети во секторите за маркетинг и административно-правна работа.
    БЛАГОДАРНОСТ ДО ХОТЕЛ ПАРК за несебичната отвореност за долгорочна соработка.
    Периодов продолжуваме со ваков тип на активности, а допрва ќе споделиме и конечни листи на соработници и можности.