На ден 16.12.2019 година, нашето училиште, СУГС „Шаип Јусуф“ успешно го реализира проектот на чело со директорот м-р Доан Сулејманоски, педагогот Емилија Петрушевска, професорот Марина Атанаскоска. Во овој проект се вклучија и дел од учениците кои несебично и посветено учествуваа во организирање на завршниот настан. Проектот се состои од три модули и една интро сесија, кои опфаќаат различни аспекти од „Родово, базирано и семејно насилство“ со цел зголемување за свесноста за истото. Овој проект се стреми кон спречуваењ и борба против родовото, базирано и семејно насилство.