Од вторникот 28.01 до четврток 30.01.2020 година СУГС„Шаип Јусуф“- Скопје го прославува патрониот празник и 5 ГОДИНИ од неговото постоење. На 28.01. 2020 год. е одржан училишен спортски натпревар во пинг – понг.

На 29.01.2020 год. Нашето училиште организира свечено отворање на натпреварите и опремените простории во училиштето (сала за состаноци, судница, лабараторија за физика и хемија, кабинети за практична настава на профилите: медицинска сестра, фризер и келнер.) Исто така, се организира стнатпревар по правни предмети и граѓанско образование. Во натпреварот учестуваат седум основни и осум средни училишта. Конечни резултати од натпреварите организирани како дел од агендата за прослава на патрониот празник и одбележувањето на петгодишнината од постоењето на училиштето:

– право за средните училишта на град Скопје;

– граѓанско образование за основите училишта.

Одлично искуство, дружба и соработка на наставниците по правни предмети од средното образование и наставниците по граѓанско образование од основните училишта. Благодарност до сите кои активно учествуваа во целиот настан.

Тоа е прекрасно искуство и дружење. Нашата богата програма завршува во четврток со Свечената академија организирана во ,,Салон 1919“ со почеток од 19 часот.