Ученичките Салија Шабан и Сумеја Џеладин со рецитирање поезија на Ромски јазик, учествуваа на поетското читање по повод Денот на мајчиниот јазик организирано од ООУ„Климент Охридски“ – Прилеп и професорката по македонски јазик Ј.Талеска. На овој настан се читаше поезија на различни јазици и се испрати порака за зачувување и промоција на мајчиниот јазик.