Во текот на вчерашниот и денешниот ден (23 и 24 ноември) нашето училиште организираше работна средба со работодавачите од приватниот и од јавниот сектор. Тема на средбата беше „Реализација на учење преку работа, практична настава и феријална практика“. Ги решивме сите дилеми и прашања, обновивме меморандуми и креиравме план за реализација на практичното обучување во реалниот сектор. ОПРЕДЕЛИВМЕ во кои сектори, кои одделенија, во кои дејности и области – какви работни задачи нашите ученици ќе се извршуваат.СЕ СРЕТНАВМЕ со претставници од реалниот сектор од областа на: -економијата и бизнисот (маркети, копмании, нво сектор) – правото (приватен и јавен сектор, нво сектор)- медицината (приватен и јавен сектор)- личните услуги – фризерство- угостителството и туризмот- градежништвотоСО ОВА ЗАКЛУВИМЕ ДЕКА: Имаме заеднички приоритети, за подобри вештини и компетенции на нашите ученици, имаме потреба од партнерство и соработка и овој процес на стручно оспособување треба да е наш заеднички приоритет.Благодарност на претставниците од Центарот за средно стручно образование и обука на РСМ што беа дел од нашиот настан, како и до Хотелот „Ми Каса“-Скопје за соработката. НАСКОРО ќе објавиме конечна листа од наши партнери и соработници во овој процес.ПРАКТИЧНОТО ОСПОСОБУВАЊЕ Е НАШ ПРИОРИТЕТ!