Во рамките на манифестцијата ,,Денови на европско Скопје” на одржаната работилница под наслов „Старата скопска чаршија- Душата на Скопје“, предводена од фотографот Љупчо Илиевски и на изложбата организирана од учесниците, нашиот ученик Емил Јашар ја освои третата награда за најдобра тематска фотографија. Честитки до ученикот и благодарност до менторот, професорката по ликовна уметност Д.Диниќ.