Нашето училиште беше дел од „Програмата за младинско лидерство“ организирана од на Habitat for Humanity International. Учениците имаа можност да поминат обуки за лидерство, а потоа и практично да работат во одредени граѓански организации, совладувајќи работни вештини, професионални компетенции и работејќи на идеи за развивање на проекти под менторство од организациите. Во прилог дел од завршната атмосфера на овој прекрасен и значаен проект, на кој поздравен збор имаше и Директорот на училиштето, а училиштето доби плакета и признание за учество во процесот и проектот.