Учениците од трета и четврта година од профилот- бизнис администратор, во рамки на предметот учење преку работа, денес ја посетија Народната банка на Република Северна Македонија и се запознаа со работата и функционирањето на оваа значајна институција.