На 25.10.2021 година дел од учениците кои се дел од економско-правната и трговската струка (профил: бизнис администратор) во соработка со МОФ и преку програмата Учиме Право го посетија Кривичниот суд во Скопје. Се запознаа со организацијата и функционирањето на судот, а дел од нив имаа прилика да следат и судење – главна расправа од конкретен предмет.