На 06.02.2020, на наша особена чест и задоволство бевме почестени со присуството на АМБАСАДОРКАТА НА САД во нашата земја Г-ѓа Кејт Мари Брнз. При посетата, таа се сретна со директорот на училиштето и разговараа за функционирањето на училиштето, образовните профили и идната соработка. Амбасадорката обави разговори со дел од учениците, професорите и проследи кратка програма подготвена од учениците. Истакна пофални зборови за функционирањето на училиштето, работната атмосфера и условите, исто така напомена дека е расположена и достапна за соработка.