На крајот од 2021 година, можеме да се пофалиме со една од најубавите лаборатории од средните училишта во нашата држава. Лабораторијата располага со современи нагледни средства и помагала од областа на хемијата, физиката, биологијата, како и со современи заштитни средства при работа. Опремена според најсовремените стандарди и прилагодена за потребите на наставната програма пред се на учениците од медицинската струка, а покрај нив и за потребите на градежната струка (по наставен предмет физика), но и за потребите на предметите од природните науки за другите профили. На нашите ученици им посакуваме многу истражувања, проекти и остварени соработки.Кабинетската настава, вештините и знаењата на нашите ученици се наш приоритет! Благодарение до Градот Скопје и до МОН за несебичната соработка и поддршка за развој.