На 12.11.2023 година во организација на фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, традиционално се одржа „Бербер шоу“ со што се одбележа „Моември“– месецот на машкото здравје. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени им ги стилизираа мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На овој настан учествуваа и учениците од профилот фризер со своите наставници-ментори и ги постигнаа следните резултати:

1. Аник Курти – Прва награда и благодарница за учество на настанот.

2. Јансен Хусеин- Благодарница за учество на настанот.

3. Ѓунеј Кахил – Благодарница за учество на настанот.

4. Оран Искендер – Благодарница за учество на настанот.

Честитки за наградените учество и за менторите: Снежана Савеска, Билјана Јовановска и Мерсиха Мемеди.