Ученици од Сугс,,Шаип Јусуф” заедно со професорката по ликовно Дијана Диниќ учествуваа на 13та меѓународна ликовна изложба ,,13-ти НОЕМВРИ ”. Генерални покровител е град Скопје, а стручен организатор за овој настан е ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР- Градското здружение на ликовните педагози – Скопје. За ова изложба на ученици имаа задача да цртаат по слободен избор. Темите, ликовните техники и материјалте за работа беа слободни во консултација со менторите и по избор на децата. Овој конкурс беше успешно реализиран од страна на нашето училиште. Имаше цртежи со различни елементи и техники. Дел од сликите беа портрети и природа. Ученици кои учестуваа на овој конкурс беа: Рамајана Реџепи (втора год. економско), Рамадан Али (прва год. фризери) Али Шериф (прва год. бизнис администратор), Алмин Алили (прва год.градежно) Ѓулсефа Кајтаз (прва год.медицина), Лаура Бафтијар (прва год. фризери), Мејрем Бајрам (трета год. медицина), Али Шахини (втора год.градежно), Алекс Шахини (втора год. градежно), Сунај Исмаил (втора год. градежно),  Леон Али (прва год. медицина), Мукадес Куртиш (прва год. медицина), Неџмије Мемед (втора год. фризери)  Ученикот од нашето училиште, Леон Али, (прва год. медицина) освои прво место. Ученикот заедно со професорката присуствуваа на доделување на наградите и изложбата. Настанот траеше два училишни часа.