Во првата недела од месец март „Паркирај совесно“ во седум средни училишта: СУГС „Сарај’’, СУГС „Димитар Влахов’’, СУГС „Орце Николов’’, СУГС „Георги Димитров’’, СУГС „Шаип Јусуф’’, СУГС „Браќа Миладиновци’’ и СУГС „Лазар Танев’’.
Со овој едукативен проект ја подигаме јавната свест во однос на сообраќајната култура и ги насочуваме идните генерации да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Кампањата за поголема безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно“ беше промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи, Град Скопје, Општина Центар, како и Јавните претпријатија Паркинзи на општина Центар и Градски паркинг.