На 02. Фебруари 2021 год., директорот на училиштето М-р Доан Сулејманоски и педагогот Емилија Петрушевска реализираа информативна средба со матурантите.
За предизвиците во поглед на полагањето на матура и нивната професионална ориентација. Секоја година се повеќе и повеќе ученици од нашето училиште се одлучуваат на чекор кон високото образование. Тоа е факт за мотивираност и континуирано следење и развој на нашите кадри, а со тоа и придонес кон нашата заедница.