На овогодинешното издание на „Имам став!“ организирано од:
Парламентарен институт на Собранието на РСМ во соработка со ИДЕА и Собранието на РСМ, во конкуренција со средните училишта од Градот Скопје и од другите градови НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО.
Учениците имаа својство на пратеници кои дискутираа на пленарна седница на одредени теми (дневен ред) и предлагаа законски решенија.
Дискутираа на теми:

  • Подобрување на образованието во РСМ и знаењата кај учениците
  • Решавање на проблемот со насилството кај младите
  • Решавање на проблемот со начинот на нездрава исхрана кај младата популација.

Честитки до учениците кои зедоа активно учество,!Благодарност до директорот и менторите (Б. Јовановски и И. Лазовска) за несебичноста и подготовката на учениците.