На одржаната свечена седница во Владата на Република Северна Македонија, директорот на СУГС„Шаип Јусуф“- Скопје доби плакета за животно дело и особен придонес за ромскиот јазик и литература – во име на професорот Шаип Јусуф (постхумно), по повод 5 ти ноември – Денот на Ромскиот јазик. Оваа награда е од особено значење за нашето училиште, за нашата посветеност и образовна дејност која што претставува продолжување на делото на нашиот патрон и автор на првата граматика на Ромски јазик.НЕКА Е ЧЕСТИТ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМСКИОТ ЈАЗИК!