По повод Денот на нулта дискриминација, Градот Скопје организира панел дискусија која имаше за цел да промовира: различност, толеранција и инклузија помеѓу средношколците од сите училишта во нашиот град. Манифестацијата ја отвори градоначалникчата на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска, а како панелисти беа психолозите од неколку училишта во Градот Скопје и директорот на нашето училиште кој дискутираше за механизмите за правна заштите и акција против дискриминацијата. Ваквите организирани настани од Град Скопје се одличен пример за промоција на еднаквоста, толеранцијата и интеграцијата помеѓу младите во нашиот град.