По повод Денот на пролетта и екологијата учениците од нашето училиште во соработка со дел од наставниците и директорот организираа повеќе групи за реализирање на еколошка акција во училишниот двор. Во текот на годината во рамки на училиштето се организираат поголем број на еколошки акции со кои се поттикнуваат учениците на грижа за својата училишна околина, за еколошките навики, како и развивање на тимска работа и општествена одговорност.