Почитувани и драги ученици – Генерација 2018/2019 – 2022 година, Денес Ви беше последен училишен ден, ден за кој секогаш ќе се сеќавате и ќе посакувате подолго да трае. Нека нашето училиште Ви биде отскочна даска за иден, личен, кариерен и професионален живот. Бидете успешни работници, студенти, професионалци, а пред се личности со морал и етички принципи! Бидете промената што ја сакаме, што ја очекуваме и за која повеќе не сонуваме!Со искрени желби за иден успех. СО НАЈИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ ОД ВАШИОТ ДИРЕКТОР И ВАШИТЕ ПРОФЕСОРИ!