
ЧЕСТИТ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ 8 – МИ АПРИЛ!
По повод овој значен празник, денес училиштето организира одличен и инспиративен настан. Симболично на вистински ден и вистинско место се промовира училишниот весник со активностите на училиштето со реден број 8. Следствено на тоа се одржа панел дискусија на тема: „Активностите, делувањето и влијанието на училиштето врз локалната заедница и пошироко“. Свои излагања имаа психологот и педагогот на училиштето, а присутните имаа можност за прашаања, констатации и препораки. Третиот дел од настанот беше посветен на промоција на книгата „Емил со големото срце“, каде што збор зедоа професорите по македонски јазик и литература и директорот на училиштето. Промоторите укажаа за уметничката и педагошка вредност на делото од авторката Ана С. Јашаровска. Овој настан беше разубавен со звуци од традиционалната ромска музика, изведени од страна на училишниот оркестар, раководен од професорот Л. Стерјовски. Програмата заврши со коктел и заедничка дружба на гостите, учениците и вработените од училиштето.