Денес над 150 ученици го посетија нашето училиште и имаа можност да се запознаат со образовните профили што ги нуди училиштето. Тие имаа можност да се информираат на штандовите, да ги видат опремените кабинети, а потоа при средба со Директорот да постават прашања во врска со училиштето и уписите. Им упатуваме благодарност за честа што ни ја направија: – Претставниците од Кабинетот на министерката за образование и наука – Претседателката на советот на Општина Шуто Оризари – ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и ООУ „26 јули“ и сите други посетители, соработници, родители и останатите. ДЕНЕС ја промовиравме и ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА – ПРОДАВАЧ, РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖНИ УСЛУГИ во соработка со КАМ Маркет и Жито Маркети. Го поздравуваме интересот на основците и ги очекуваме на 14 јуни. Благодарност и до СИТЕЛ ТВ, РОМА ПРЕС за присуството на овој настан и до тимот на нашето училиште за целокупната организација.