На 06.12.2019 год. Центарот за Стручно Образование организираше натпревар за „Лидер на Струка“ во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје. Учество земаа претставници од сите угостителско-туристички училишта од Р.С. Македонија.  Ученикот Атин Неџиповиќ од III година келнери го претставуваше нашето училиште,  СУГС „Шаип Јусуф“ – Шуто Оризари, и го освои третото место под менторство на професорот Горан Ѓорѓиевски. Натпреварот се состоеше од два дела: теоретски и практичен дел. Практична задача: да состават мени од 5 ганга од понудената листа на јадења; да кувертираат маса за 4 лица согласно составеното мени; да објаснат и применат Виенски начин на послужување.